ПАРТНЕРИ

SOSU Ostjylland

SOSU Ostjylland вториот најголем колеџ за социјална и здравствена нега во Данска, кој нуди различни образовни програми и дополнителни обуки за персоналот во институциите за социјална и здравствена нега, домашна нега за стари лица и грижа за деца. Тие обезбедуваат стручно образование и обука (VET), образование на млади, вклучувајќи EUX и EUD10 (десетто одделение во основно училиште). Тие развиваат иновативни наставни материјали, организираат практична работа и имаат блиска соработка со работодавците. Со повеќе од 25 години искуство, од 2007 година тие исто така валидираат претходно стекнато знаење. Колеџот има околу 150 вработени и 20 надворешни професионалци. Тие имаат околу 1000 редовни студенти и 2000 професионалци кои се вклучени во дополнителни обуки. Студентите се на возраст од 15 до 60 години, со различно културно потекло. Во октомври 2021 година, нивниот Еразмус+ проект “TECHSenior” доби Европска награда за иновативна настава (EITA), која ги препознава иновативните наставни практики.


Masaryk University

Masaryk University, вториот најголем јавен универзитет во Република Чешка, се состои од девет факултети со преку 200 оддели, институти и клиники. Основан во 1919 година, е познат по својата силна демократска етика. Универзитетот ја има прифатено структурата на тројниот степен на студии базиран на Европскиот систем за пренос и акумулација на кредити (ECTS) и ја содржи ознаката ECTS. Негов приоритет е рамноправен пристап до образование, што може да се види со нивниот Центар за поддршка на студентите со специјални образовни потреби, најголемиот од овој вид во Централна Европа. Факултетот за образование се фокусира на обука на наставници и советници за општо образование, нудејќи програми за студенти со специјални образовни потреби. Институтот за истражување во инклузивното образование (IRIE), блиску поврзан со Одделот за специјална едукација, ја спроведува специјалната програма по андрагогија за возрасни со специјални образовни потреби. IRIE соработува со институции и непрофитни организации (НПО), спроведувајќи истражувања насочени кон научно засновани практики за лицата со АСН и специјални образовни потреби, фокусирајќи се на образование, вработување, независно живеење и социјална инклузија. Се вклучува во интернационални проекти како ISOTIS, Програма за едукација на семејството, Позитивно родителство и А-клас, со цел да ги подобри услугите за образование и советување за лицата со специјални образовни потреби и да ја промовира инклузивноста во образованието и пазарот на трудот


ViModo

ViModo е истражувачка и едукативна организација во Кипар, фокусирана на истражување, иновација и социјална инклузија. Иако е новооснована организација, нивниот тим е високо квалификуван со богато искуство во координација и имплементација на Европски проекти, особено во програмата Еразамус+ КА2. Нивната специјалност е насочена кон неколку области, вклучувајќи го аутизмот и специјалната едукација, нудејќи програми за обука и поддршка за професионалци, семејства и лица со аутизам и други невро-развојни нарушувања. Исто така спроведуваат обуки за аутизам и применета анализа на однесување (АБА) и развиваат научно-базирани стратегии за справување во училницата. ViModo дизајнира и спроведува проекти за зголемување на социјалната инклузија и интеграција, создава синергија со организации кои ги поддржуваат лицата со аутизам во Кипар, спроведува работлници за специјална едукација, учествува на семинари за инклузивно образование и нуди онлајн и курсеви со физичко присуство за професионалци, возрасни, млади и наставници.


Aalborg University

Aalborg University (AAU) е динамична и иновативна истражувачка и образовна институција, со силен фокус на локални, регионални, национални и интернационални проблеми. AUU нуди високо квалитетни образовни искуства во различни академски области. Одделот за архитектура, дизајн и медиумска технологија, со претставништва во Олборг, Копенхаген и Есбјерг, е домаќин на 140 истражувачи и докторанти и е вклучен во бројни национални и интернационални проекти. Тој е уникатен е во Данска бидејќи ги комбинира дисциплините во архитектурата, дизајнот, медиумите и технологијата, поттикнувајќи го развојот на знаење и компетенции со пристап фокусиран на човекот. Лабараторијата за мултисензорно искуство на Универзитетот Aalborg во Копенхаген е една од учесниците во проектот.


Blue Beehive

Blue Beehive е невладина, непрофитна организација која има за цел да промовира едукација и култура преку неформални обуки. Тие нудат работилници на различни теми за младите, со фокус на различност, инклузија и социјална свест. Тие соработуваат со асоцијации и со Општината ИБИ за вклучување на социјално маргинализираните групи во нивните програми. Мисијата на Blue Beehive вклучува поттикнување на едукативни активности, мултидисциплинарно знаење, поддршка низ образованието, промовирање на културни и спортски проекти и подобрување на дигиталните копетенции. Нивната специјалност е едукативна иновација и технолошки развој со фокус на социјалната одговорност. Blue Beehive развива проекти поврзани со културна размена, подобрување на едукативните компетенции, социјализација на социјално маргинализираните групи и промовирање на учење на услуги.


Sina Svetulka

Мисијата на организација е подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните семејства, преку едукација и директна поддршка, како и подигнување на свеста за аутизмот. Нивната визија е промовирање на инклузијата на лицата со аутизам во сите сфери на општеството. Тие се фокусираат на попреченост, нарушување од спектарот на аутизам, човекови права, едукација, квалитетот на живот и социјална инклузија. Нивната цел вклучува подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните семејства, обезбедување на третман и едукација како и обука на семејствата и професионалците за работа со лица со аутизам. Организацијата има 10 членови и 55 други членови кои работат доброволно на различни проекти. Сите членови на организацијата се професионалци искусни во работа со лица со аутизам. Нивните вештини вклучуваат истражувања, статистичка обработка на податоци, интерпретација, подготовка на модули за едукација, обуки за работа со лица со попреченост и активности за дисеминација како креирање на дизајн за лого и креирање на веб-сајт.


Donbass State Pedagogical University

Donbass State Pedagogical University, основан во 1939 година, е непрофитна јавна високообразовна институција лоцирана во Славјанск, Донечка област. Нуди специјализирани предмети и програми и е лидер во образовните услуги повеќе од 80 години. Универзитетот е формиран во 2012 година со спојување на Sloviansk Државниот Педагошки Факултет и Институтот за странски јазици Horlivka. Се состои од девет факултети кои нудат разни дисциплини, вклучувајќи физика и математика, педагогија, физичка култура, филологија, специјална едукација

и хуманитарно и економско образование. Институцијата исто така нуди последипломски и докторски студии по различни специјалности. Факултетот за специјална едукација е главен центар за истражување и едукација во Украина од 1966 година, специјализиран за обука на високо квалификувани специјалисти во областа на специјална едукација.