ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

СТРАНА- ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

Проектот има за цел да допринесе кон модернизација и интернационализација на високото образование преку развивање на иновативен модел за обука базиран на виртуелна реалност (VR) за дипломците во областа на аутизмот.

Преку тоа, проектот се стреми да го подобри квалитетот на обуките за АБА и да ја зголеми можноста за вработување на дипломираните студенти, преку нивна подготовка за потребните знаења, вештини и компетенции, релевантни на глобалниот пазар на трудот.

Употребата на виртуелна реалност во обуките се покажала како успешна во подобрување на знаењата и вештините кај професионалците, правејќи ја вредна алатка во модернизацијата на високото образование. Дополнително, преку промовирање на придобивките од Применетата анализа на однесување (АБА), проектот го поттикнува усвојувањето на практики засновани на докази кои се препознаени и користени интернационално.

Развивањето на овој иновативен модел за обука базиран на виртуелна реалност, придонесува кон приоритетот на развивање на иновативни практики во високото образование и ја поддржува модернизацијата и интернационализацијата на високото образование.

Конечно, преку претставување на иновативен модел за обука базиран на виртуелна реалност, проектот обезбедува сеопфатно и мултисензорно искуство на учење кое овозможува стекнување на суштински знаења и практични вештини за стратегии базирани на АБА.

За таа цел, проектот има 4 транснационални средби:

C ТРАНСНАЦИОНАЛНИ СРЕДБИ ЗА ПРОЕКТОТ
С1 KoM – Во Данска (SOSU
С2 TPM2 – Во Шпанија (Blue Beehive)
С3 LTTA – Во Данска (Aalborg Universitet)
С4 TPM3 – Во Кипар (Vimodo

Исто така спроведувањето на активностите е организирана во неколку работни пакети:

Работен пакет 1


Целта на работен пакет 1 (WP1) е да се определат алатките и процедурите кои ќе се користат за следење на напредокот, квалитетот и резултатите на проектот. Истакнати се две главни алатки: Прирачник за менаџирање и План за обезбедување на квалитет и евалуација (QAE). Прирачникот за менаџирање ќе обезбеди насоки за целокупното менаџирање на проектот, додека планот за обезбедување на квалитет и евалуација ќе постави правила и процедури за обезбедување на квалитет на проектот. Дополнително, се детерминираат одговорности за следење, вклучувајќи ги напредокот на партнерите и финансискиот извештај, извештаи за активности за промоција, редовна комуникација, првиот состанок, внатрешна евалуација и извештај за обезбедување на квалитетот и евалуација. Исто така клучен член од секоја организација се вклучува во следењето на активностите преку комитет за менаџирање и обезбедување квалитет на проектот.

РП1 Менаџирање на проектот
A1 Онлајн состаноци (SOSU)
A2 Прирачник за менаџирање вклучувајќи и План за менаџирање на ризици (SOSU)
A3 План за дисеминација на проектот (Сина Светулка)
A4План за обезбедување на квалитет и евалуација (Donbas State University)
A5 План за одржливост (AAU)

Работен пакет 2


РП2 ABA-VR Едукативен пакет
РП2/A1 KoM – во Данска (SOSU)
РП2/A2Теренско истражување- Квалитет на постоечките обуки за АБА (Сина Светулка)
РП2/A3 Едукативен пакет (SOSU и Masarykova univerzita)
РП2/A4 Пилот-тестирање со професори во високо образование и обучувачи (AAU)

Главните цели на работен пакет 2 (WP2) се да се процени квалитетот на постоечките обуки за АБА, да се идентификуваат недостатоците и да се соберат повратни информации од учесниците и лицата кои не учествуваат. Истражувањето ќе се насочи кон неколку аспекти како што се ангажираност, успешност, практична примена и достапност. Резултатите ќе бидат искористени за давање препораки за идни обуки за АБА, со цел подобрување на нивниот квалитет и достапност. Дополнително, развој на модел за ABA-VR обука, базирана на резултатите од истражувањето, како и пилот-тестирање на овој модел со мала група на учесници пред спроведување на локални обуки со студенти во високото образование. Овие специфични цели придонесуваат кон општите цели на проектот (Цел 1 и Цел 2).

Работен пакет 3


Примарните цели на работниот пакет во рамките на ABA-VR проектот се:

1. Развивање на платформа за е-учење во SPOOC формат за професионалци во областа на аутизмот.

2. Креирање на 20 видео водичи за користење на обука за вештини за однесување (BST), виртуелна реалност (VR) и прилагодување на инструкциите за лицата со АСН.

3. Основање на лична средина за учење (PLE) за студентите на универзитетите, интегрирајќи најмалку 25 релевантни дигитални алатки.

4. Креирање на персонализирани патеки за учење наменети за студентите, комбинирајќи статични материјали (SPOOC) со прилагодени елементи од личната средина за учење (PLE).

5. Спроведување на пилот програми со професори/обучувачи за проценка на ефикасноста на предложените методи за обука.

Овие цели се креирани да ги поддржат пошироките цели на ABA-VR проектот, преку вклучување на ефикасни методологии за работа со лица со АСН. Проектот има за цел да постави трајна база на знаења преку отворена платформа за е-учење во SPOOC формат, која ќе се одржува најмалку пет години. Дополнително, ќе се имплементира PLE користејќи бесплатен софтвер како Symbaloo за да го прилагоди учењето, да го поттикне динамичното учење и да ја олесни интеракцијата на корисниците, преку форуми, блогови и обуки за релевантите организации.

РП3 Платформа за е-учење со видео водичи
РП3/A1 Платформа за е-учење (Blue Beehive)
РП3/A2 Видео водичи (Blue Beehive)
РП3/A3 TPM2 -во Шпанија (Blue Beehive)
РП3/A4 Локална активност за пилотирање (Сите партнери)

Работен пакет 4


РП4 ABA-VR алатка
РП4/A1 Развој на VR алатка (AAU)

Специфичните цели на овој работен пакет се:

Равој на VR апликација која овозможува лицата кои се обучуваат да создадат интеракција со реалистични симулации на предизвикувачки однесувања.

Креирање на четири сценарија кои ги истакнуваат четирите функции на однесување (внимание, бегство, пристап до опипливи предмети и автоматско поткрепување).

Овозможување на лицата кои се обучуваат да ги идентификуваат функциите на однесување и да применат соодветни АБА стратегии за справување со предизвикувачко однесување.

Сигурност дека VR апликација е лесна за употреба, интерактивна и достапна за лицата кои ќе се обучуваат, од различните партнерски земји. Овие цели придонесуваат кон општите цели на ABA-VR проектот преку обезбедување на уникатен и иновативен метод за обука, со цел учење на професионалците во областа на аутизмот за принципите на АБА и стратегиите за справување со предизвикувачки однесувања.

VR апликацијата ќе овозможи лицата кои се обучуваат да стекнат практично искуство во идентификација на функциите на однесувањето и примена на АБА стратегии во сигурна, контролирана и симулирачка виртуелна средина. Овој пристап ќе помогне во надминување на празнината помеѓу теоријата и праксата, обезбедувајќи на лицата кои се обучуваат практични вештини и знаења, кои потоа можат да ги применуваат во реални ситуации.

Со постигнување на целите на работниот пакет 4, проектот ќе го подобри квалитетот на обуки за АБА и ќе ја зголеми ефективноста на професионалците кои работат со лица со аутизам и други специјални образовни потреби. Дополнително, VR апликацијата ќе допринесе кон одржливост на проектот, со креирање на алатка која ќе може да се користи од професионалци во областа на аутизмот и по завршување на проектот.

Работен пакет 5


Работен пакет 5 (WP5) има за цел успешна комуникација и промоција на проектот и резултатите од истиот, до засегнатите страни. Специфични цели вклучуваат воспоставување на меѓународна мрежа, развој на комуникациска стратегија, допир до целните групи, промовирање на придобивките од АБА, влијание врз политиките за аутизмот и зголемување на јавната свест. Овој пакет директно ја поддржува цел 4 на проектот. Целните групи ќе бидат вклучени во фокус групи и истражувања, ќе се регрутираат учесници за пилот тестирање и презентирање на влијанието и квалитетот на проектот. Активностите ќе се одвиваат од почетокот на проектот до неговото завршување.

РП5 Дисеминација и комуникација
РП5/A1 Кампања за подигнување на свесноста за АБА (State higher educational institution Donbas)
РП5/A2 Веб-сајт(Blue Beehive
РП5/A3 Завршна конференција за ABA-VR во партнерските земји (Сите партнери)
РП5/A4 Материјали за дисеминација (Сина Светулка
РП5/A5 Последен транснационален состанок – во Кипар (Vimodo ltd)
И ИЗВЕШТАИ
И1 Финансиски извештај на партнерите (за секои 6 месеци)
И2 Квартален извештај
R3 Завршен извештај
И4 Извештаи за дисеминација (од сите партнери)
И5 Извештаи за одржливост (од сите партнери)
И6 Извештај за обезбедување квалитет и евалуација