ПРОЕКТОТ

Главната цел на овој проект е да се развие сеопфатен едукативен пакет збогатен со иновативна VR алатка. Преку овој пакет имаме за цел да споделиме точни знаења за тоа како да се користат стратегии базирани на методот АБА, помеѓу студентите во високото образование и професионалци кои работат во областа на аутизмот (на пример: психолози, специјални едукатори, логопеди, окупациони терапевти, лица за поддршка)- подоцна нарекувани како дипломирани во областа на аутизмот, како и да се обучат дел од овие студенти во секоја партнерска земја за практични стратегии базирани на АБА, што ќе ја зајакне нивната можност за вработување.

Поточно проектот има за цел:

Цел 1: Теренско истражување за квалитетот на моменталните обуки за АБА

Цел 2: Развивање, пилот-тестирање и валидирање на иновативен модел за обуки (BST-обука за вештини за однесување, заедно со виртуелна реалност-VR), наменет за професори/обучувачи за да им помогне да ги запознаат дипломците во областа на аутизмот со АБА

Цел 3: Одржување на локални обуки наменети за дипломци во областа на аутизмот, за професионално да напредуваат преку стекнување на знаења, вештини и главни компетенции за АБА

Цел 4: Промовирање на придобивките од научната дисциплина АБА (Применета анализа на однесување)

Имплементација:

-Теренско истражување во земјите-партнери. Врз основа на резултатите, развивање на прилагодени едукативни материјали за основните приниципи на АБА, нaдополнети со дигитални едукативни материјали (видео водичи и VR игра)

– Пилот-тестирање на моделот за обука и локална обука на студенти во високото образование

– Активности за дисеминација

– Кампања за подигнување на свесноста за АБА, настани за промоција.

Резултати: Какви резултати од проектот и други исходи очекувате вашиот проект да има?

Резултати

– Поголемо разбирање и свесност за аутизмот и постоечките практики за АБА во партнерските земји

– Подобрување на пристапот и достапноста на можностите за обуки за АБА

– Повеќе практичари и обучувачи кои ќе бидат заинтересирани да ги применуваат принципите на АБА во своите дневни практики

– Повеќе лица заинтересирани за професионална кариера/студии за АБА

– Подобрување на идните политики на ЕУ за третман на аутизмот

– Дигитализација на процесот на учење

– Позитивно влијание на животот на лицата со нарушување од спектарот на аутизам